Thursday, March 14, 2013


КОРЕН






  Делови на растението

Коренот (или коренов систем) е подземниот дел од растението. Тој има неколку значајни функции:
Во текот на еволуцијата на растенијата коренот се јавуава како еден од последните органи и истиот е својствен за папрати и семени растенија. Кај попросто градените растенија тој отсуствува, а неговата функција ја вршат издолзени клетки наречени ризоиди. Создавањето на коренот почнува од зачеток таканаречен зародишен или ембрионален корен што се наоѓа во семето. Ембрионалниот корен прво ја пробива семента обвивка и навлегува во почвата каде расте и се развива. Откако ќе се развие се преобразува во главен корен. Всушност главниот корен излегува како продолжение на стеблото. Местото каде стеблото преминува во корен се вика коренов врат. Според морфологијата може да биде осен (вретенест ) и жилест ( брадест ). Должината на главниот корен кај некои пустински растенија ( пример камилски трн ) достигнува 30м. Жилестиот коренов систем нема главен корен, тој се образува од дополнителни ( адвентивни корења ). На надолжен пресек на коренот се разликуваат три зони. 1. зона на кореново творно ткиво (меристем) – зона на делење 2. зона на растење – тука клетките ги зголемуваат своите димензии 3. зона на диференцирање – во оваа зона со диференцирање клетките преминуваат во трајни ткива.
Анатомска градба на коренот
Кај коренот се забележува примарна и секундарна градба.
Примарна градба на коренот.
Ако се направи напречен пресек во зоната на ткивата на примарно изградениот корен ќе можеме да констатираме дека ткивата се делат на надворешни и внатрешни. Надворешни се ризодермис. Под ризодермисот се наоѓаат ткива на примарна кора кои потекнуваат од основното творно ткиво. Првиот слој на примарна кора се вика егзодермис кој е изграден од еден или неколку редови густо збиени кл без меѓу кл простори. Егзодермисто се создава како заштитно ткиво кое по изумирањето на ризодермисот врши заштитна функција. Масата на примарната кора ја дава паренхимското ткиво наречено паренхим на пирамидалната кора и се наоѓа под егзодермисот. Ова ткиво има големи меѓу кл простори. Последното тикво на примарната кора на коренот претставува ендодермисот. Под епидермисот се наоѓаат ткивата на централниот цилиндер којшто се образуваат од плеремот.
Секундарна градба на коренот.
Кај дикотиледоните и голосемиените растенија настануваат промени кои доведуваат до секундарна градба на коренот. Таа се остварува со активност на секундарните творни ткива камбиум и фелоген.


https://www.google.com/search?q=koren/+rastenija&hl=en&safe=active&bav=on.2,or.r_cp.r_qf.&biw=1280&bih=866&um=1&ie=UTF-8&tbm=isch&source=og&sa=N&tab=wi&ei=ERRCUZvrHI6xPLDZgYAI#imgrc=9A5zwK0EGOIzKM%3A%3BXV6Kq5ijI7Bt5M%3Bhttp%253A%252F%252Fdist-tutor.info%252Ffile.php%252F113%252FNechaevaON%252FBiologija%252FBotanika%252FOrganyRastenija%252FKoren%252Fkoren4.JPG%3Bhttp%253A%252F%252Fdist-tutor.info%252Fmod%252Fbook%252Fview.php%253Fid%253D28491%2526chapterid%253D1611%3B483%3B296




                                             СТЕБЛО
Стеблото е оној дел од растението кој ги поврзува коренот и листот. На секое стебло разликуваме нодиуми и интернодиуми. Во поглед на морфологијата, има зелјести идрвенести стебла.Стеблото содржи повеќе ткива и тоа : Механичко ткиво, ткиво за растење, спроводно ткиво (ксилем и флоем), основно ткиво и епидермис. Ксилем и флоем (спроводно ткикво)Механичкото ткиво има потопрна функција кај растението. Ткивото за растење се наоѓа во срцевината и служи за растење. Спроводното ткиво служи за спроведување на храна и вода низ растеието. Основното ткиво служи за складирање на храна и помага во фотосинтезата. Епидермисот е заштитно ткиво.

Лист (ботаника)


Листот (мн. листовизб. мн. лисја) е вегетативен растителен орган чија основна функција е процесот фотосинтеза. Поради ова, по правило, листот има ламеларна (пластовидна) структура, за да можат клетките кои го содржат специјализираниот пигмент хлорофил во хлоропластите, да добијат пристап до сончевата светлина. Листот е и орган за дишење, испарување игутација (одделување на капки вода) на растението. Лисјата можат да задржат вода и хранливи материи, а кај некои растенија исполнуваат и други функции.

Содржина

  [скриј

[уреди]Анатомија

По правило, листот се состои од следните ткива:
  • Епидермис - слој од клетки кои го заштитуваат од штетното дејство на средината и непотребното испарување на вода. Многу често епидермисот е препокриен со заштитен слој од восочна материја (кутикула);
  • Мезофил или паренхим - внатрешно богато со хлорофил ткиво кое ја исполнува основната функција - фотосинтеза;
  • Жилки или „нерви“, кои се образувани од спроводните снопчиња, а се состојат од спроводни садови и ситести клетки, служат за пренос на водата, растворените соли, шеќери и механички елементи;
  • Стоми - специјални комплекси од клетки сместени најчесто на долната површина од листот; преку нив се одвива испарувањето на водата и гасната размена.

[уреди]Епидермис

Епидермисот е најнадворешниот слој од повеќеслојната структура на клетки и го препокрива листот од сите страни; тој е гранична област меѓу листот и околната средина. Епидермисот има неколку важни функции: го заштитува листот од непотребно испарување, ја регулира гасната размена со околната средина, ги оддава материите од метаболизмот, а во некои случаи апсорбира вода. Повеќето листови имаат дорзовентрална анатомија: горната и долната површина на листот се со различна градба и исполнуваат различни функции.
Епидермисот обично е проѕирен (во неговата градба отсуствуваат хлоропласти или се присутни во недоволно количество) и однадвор е прекриен со заштитен слој со восочна структура (кутикула), кој го спречува испарувањето. Кутикулата на долниот дел од листот е обично потенка отколку на горниот, а е подебела во биотопите со сува клима (за разлика од оние биотопи каде нема недостаток од влага).
Во состав на епидермисот влегуваат следните типови на клетки: епидермални (или движечки) клетки, заштитни клетки, помошни клетки и трихоми. Епидермалните клетки се најмногубројни, крупни и најмалку приспособени. Кај монокотиледоните тие се поиздолжени отколку кај дикотиледоните. Епидермисот е прекриен со пори наречени стоми, кои се дел од поголем комплекс што се состои од вакви пори опколени од сите страни со заштитни клетки со хлоропласти, како и од две до четири странични клетки во кои нема хлоропласти. Овој комплекс го регулира испарувањето и размената на гасови меѓу листот и околната средина. По правило, бројот на стоми на долниот дел од листот е поголем. Кај многу видови на површината на епидермисот се образуваат трихоми.

[уреди]Мезофил

Најголем дел од внатрешноста на листот, меѓу горните и долните слоеви од епидермис, се состои од паренхим (основно ткиво) или мезофил. Мезофилот се состои од хлорофилсинтетизирачки клетки, па затоа се употребува и називот хлоренхим.
Кај папратите и голем дел од цветните растенија мезофилот е поделен на два слоја:
  • Горен палисаден слој од густо наредени, вертикално расположени клетки кој се наоѓа под горниот епидермис; дебелината му изнесува од еден до два реда клетки. Клетките од овој слој содржат многу повеќе хлоропласти за разлика од подолниот сунѓерест слој. Долгите клетки со цилиндрична форма обично се поредени во еден до пет слоеви. Наоѓајќи се блиску до границата на листот, тие се расположени оптимално за да добијат сончева светлина. Малите празнини меѓу клетките се резервоари за јаглеродниот диоксид, кој оттаму се апсорбира во листот. Овие празнини треба да се доволно мали за да го одржат капиларниот тек на пренос на водата. Растенијата мораат да ја прилагодат својата структура за оптимално добивање светлина во различни природни услови, како изложеност на Сонце или сенка - листовите изложени на Сонце имаат многуслоен палисаден слој, додека тие на сенка (како и старите листови и тие што се наоѓаат блиску до земјата) имаат само еден слој.
  • Клетките од долниот сунѓерест слој се поретко наредени поради што сунѓерестото ткиво има поголема внатрешна површина благодарение на развиениот систем на меѓуклеточни простори, кои се поврзани меѓусебе, но и со стомите. Реткиот распоред на клетките во сунѓерестото ткиво игра важна улога во размената на гасовитекислород, јаглерод диоксид и водната пареа.
Дијаграм на градбата на листот

Вариегатно растение Sansevieria trifasciata'Super Marginata'
Лисјата најчесто се зелено обоени поради хлорофилот - фотосинтетски пигмент што се наоѓа во хлоропластите - зеленитепластиди. Растенијата кај кои има недостаток или отсуствува хлорофил, не можат да фотосинтетизираат.
Во некои случаи (види растителни химери), како резултат на соматски мутации, на одредени места во мезофилот можно е образување на мутантни клетки кои не синтетизираат хлорофил, поради што лисјата добиваат петнесто (разнобојно или вариегатно) обојување, што е обусловено од наизменичните делови со нормален и мутантен мезофил.
Растенијата во умерените и северните широчини, а исто така и во сезонско-сувите климатски зони можат да бидатлистопадни, т.е. нивните лисја со настапување на неблагопријатната сезона отпаѓаат или изумираат. Овој механизам се нарекува листокап. На местото на отпаднатиот лист на гранката се образува лузна - трага од листот. Во есенскиот период лисјата можат да се обојат во жолта, портокалова или црвена боја, бидејќи со намалувањето на сончевата светлина, во растението се намалува производството на зелен хлорофил и листот ја менува бојата поради дополнителните пигменти, какви што се каротеноиди и антоцијанини.

[уреди]Жилки („нерватура“) на листот

Лисните жилки се всушност спроводно ткиво и се наоѓаат во сунѓерестиот слој на мезофилот. Разгранувањето на жилките, по правило, ја следи структурата на разгранување на растенијата. Жилките се составени од ксилеми - ткива кои служат за спроведување на водата и растворените во неа минерални материи и флоеми - ткива кои служат за спроведување на органските материи кои се синтетизираат во листот. Обично ксилемот лежи над флоемот. Заедно тие го образуваат основното ткиво познато како срцевина на листот.

[уреди]Класификација според некои анатомски особености


Напречен пресек на различни типови листови. Со ситни точки е претставено палисадното ткиво. Ксилемот од спроводните снопчиња е претставен со црна боја. Долната страна на листот е обележана со дебела линија. А - нормален бифацијален лист; B - обратен бифацијален лист (Allium ursinum); C иD - лист изведен од унифацијален заоблен лист (Allium sativumJuncus effusus); Е - унифацијален мечовиден лист (Iris); F - еквифацијален плоснат лист; G - еквифацијален игличест лист; H - еквифацијален заоблен лист (Sedum)
Според положбата на палисадното ткиво во листот, се разликуваат различни типови на листови.
  • Повеќето листови се градени бифацијално, односно тие имаат различна горна и долна страна:
    • Кај нормално бифацијалните (дорзовентрални) листови (А), палисадното ткиво лежи над (дорзално), а сунѓерестото ткиво под (вентрално);
    • Кај обратно бифацијалните листови (В), палисадното ткиво лежи под (на пример, кај Allium ursinum);
    • Кај еквифацијалните листови (F, G) горната и долната страна имаат свои палисадни ткива (горно и долно, соодветно), меѓу кои лежи сунѓерестото ткиво. Типичен пример за ваков лист е игличестиот лист кај боровите (G).
  • Кај унифацијалните листови (C, D) нема горна и долна страна. Тие се формално изведени од обратно бифацијалните листови, кај кои горната лисна површина е редуцирана. При напречен пресек на унифацијален лист, спроводните снопчиња се распоредени кружно (или во лак), при што флоемот доаѓа нанадвор. Унифацијални се листовите на многу монокотиледони. Посебен случај се листовите на перуниката (S), кои се секундарно унифацијални.

[уреди]Морфологија

Листот на скриеносемените растенија се состои од лисна дршка (petiolus), ламина или пластинка и прилисници (stipuli, парни додатоци кои се наоѓаат од двете страни на основата од лисната дршка). Местото каде дршката преминува во стеблото се нарекува влагалиште на листот. Аголот меѓу лисната дршка и горниот интернодиум на стеблото се нарекува пазува на листот. Во пазувата на листот може да се образува пупка (во овој случај позната како пазувна пупка), цвет (познат како пазувен цвет), соцветие (познато како пазувно соцветие).
Овие делови на листот не се среќаваат кај сите растенија. Кај некои видови парните прилисници слабо се изразени или отсуствуваат; може да отсуствува лисна дршка, а структурата на листот може да не биде ламинарна.
Надворешните карактеристики на листот, како форма, рабови, влакнетост и др. се многу важни за индентификација на видот на растението, при што ботаничарите создале богата терминологија за да ги опишат овие карактеристики. За разлика од другите растителни органи, листовите се јавуваат како определувачки фактор, бидејќи како што растат, тие образуваат закономерна ишараност и форма, а потоа отпаѓаат, додека стеблото и коренот го продолжуваат својот раст и видоизменување во текот на целиот живот на растението, па затоа не се определувачки фактори.
Листовите најчесто може да бидат прости или сложени.
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c7/Lisc_lipy.jpg/507px-Lisc_lipy.jpg

Пупка


Од Википедија, слободната енциклопедија

Класификација на растителните пупки

Пупка на чинар

Цветни и лисни пупки на нарцис
Пупка (лат. gémma) во ботаниката означува зачеток на изданок; обично се образува кај растенијата во пазувите на листот (пазувна пупка), на крајот на изданокот (врвна или терминална пупка) или на возрасните органи (стебло, лист, корен; во овој случај не е поврзана ниту со врвовите на изданокот, ниту со нодиумите и не покажува јасна закономерност во својата местоположба) - адвентивна (дополнителна) пупка. Откога ќе се појави, пупката може и да не се доразвие одреден период и да се наоѓа во фаза на мирување (спиечка или дормантна пупка), или, пак, од неа да започне да се развива изданок. Вегетативните пупки, од кои се развиваат вегетативните изданоци, се состојат одзачеточно (ембрионално) стебло и зачеточни (ембрионални) листови. Генеративните пупки, од кои се развиваат цветови или соцветија, се состојат од зачетоци на соцветија и цветови.
Пупките кај многу дрвенести растенија, особено во умерената или студена клима, се препокриени со видоизменети листови наречени лушпи. Ваквите пупки се познати како скриени или заштитени. Ако не постојат лушпи, ваквите пупки се нарекуваат голи или незаштитени.
Кај кактусите постојат посебни пупки - ареоли, а лушпите на пупките кај нив се видоизменети во игли. Понекогаш лушпите на пупките се препокриени со смолеста материја со цел подобра заштита. Кога пупката ќе се отвори, лушпите може да се зголемат, но почесто отпаѓаат, оставајќи на површината на стеблото ред од хоризонтално издолжени лузни. Врз основа на бројот на вакви лузни можно е делумно да се определи возраста на растението, бидејќи во текот на една сезона стеблото кое расте образува на својот крај само една пупка, по што се создава лузна. Со текот на времето ваквите лузни постепено исчезнуваат, така што определувањето на возраста со овој метод е отежнато.
Кај голата пупка слаборазвиените лисја често се препокриени со голем број на влакна. Голите пупки се присутни кај таквите грмушки, како Rhus и Viburnum, а исто така и кај тревестите растенија. Кај последните пупките најчесто се помали и се состојат од еднообразна маса на клетки во пазувите на листот.
Ако пупките се формираат во пазувите на листовите, нивниот распоред на стеблото е аналоген на распоредот на листовите: тие може да се расположени наспрамно, спротивно, спирално, а исто така и врвно на крајот од стеблото. Кај некои видови на растенија пупките можат да се појават на места каде вообичаено не се развиваат - ваквите пупки се нарекуваат дополнителни. На пример, кај дрвенестите растенија дополнителните пупки можат да се развијат на кореновиот систем, со што се добиваат изданоци чија основа е на коренот. Некои тревести растенија, како на пример, Cirsium setosum, ја преживуваат зимата благодарение на дополнителните пупки, бидејќи главното стебло изумира уште во првата година.
Ако во внатрешноста на пупката се наоѓаат зачетоци на цветови (еден или неколку), тогаш станува збор за цветна пупка. Цветните пупки се разликуваат од лисните, кои во себе кријат само зачетоци од обични листови, и од мешаните во кои, покрај листови, се наоѓаат и зачетоци на цветови.
Мајчинска пупка е пупка која се образува на изданоците кои растат или престанале со растење. Во мајчинските пупки се создаваат ќеркините. По отворањето на мајчината пупка од која се развива изданок, самите ќеркини пупки стануваат мајчински.

Цвет


Од Википедија, слободната енциклопедија
Цветот е генеративен орган на скриеносемените растенија чијашто функција е полово или бесполово размножување. По формирањето на спорите или гаметите и послеоплодувањето, од него се образуваат семето и плодот.
Всушност, цветот е видоизменет изданок со ограничено растење кој се образува од врвното стеблено творно ткиво (меристем) кога тоа ќе достигне репродуктивна зрелост. Преминувањето на врвниот меристем од вегетативна во репродуктивна состојба настанува постепено. Обично цветниот меристем е кратко активен и активноста му опаѓа со самото формирање на цветот.
Формирањето на цветните елементи најчесто има строг редослед - прво се формираат надворешните, а последни елементите од внатрешниот круг.

Содржина

  [скриј

[уреди]Елементи на цветот


Полен на стигма од лилјан

Цветни елементи : A = плодница; B = устенце; C = полуантера; D = лигула; E = столбче со устенце

Цветни елементи : A = плодница; B = долен дел од столбчето со венечни ливчиња; C = полуантера; D = столбче со устенце
Цветот за стеблото е обично прикрепен со цветна дршка (Pedunculus), а доколку таа отсуствува, велиме дека се тоа приседнати цветови. Дршката завршува со силно скусен и проширен дел со слабо изразени нодиуми, на кој се поредени останатите цветни елементи, познат како цветна ложа (Receptaculum).
Цветните елементи на цветната ложа можат да бидат заштитни (стерилни) ирепродуктивни (фертилни) елементи.

[уреди]Заштитни елементи

Тоа се главно листови што го претставуваат околуцветникот (цветната обвивка), кој во зависност од тоа од какви листови е изграден, може да биде:
  • перигон, или хомохламиден, односно прост околуцветник, изграден од два круга на ливчиња кои се разликуваат по форма, големина и боја:
    • венчевиден перигон, кога ливчињата се слични на венечните
    • чашковиден перигон, кога ливчињата се слични на чашкините
  • перијант, или хетерохламиден, односно сложен околуцветник, изграден од два круга на ливчиња кои се идентични:
    • чашка (Calyx или Sepala), зелени ливчиња со заштитна функција, од 2 до 5 во еден круг
    • венче (Corolla или Petala), живо обоени ливчиња со заштитна функција, секогаш повеќе од две

[уреди]Репродуктивни елементи


Цвет на дневен лилјан, каде се забележуваат шест прашници и стигмата (устенцето) на плодникот
Тоа се функционалните елементи на цветот, оние со кои растението се размножува и дава идни поколенија:
  • прашници (Stamen, за група од прашници Androeceum), растителните машки полови "жлезди" во кои се образува поленот. Еден прашник е составен од:
    • прашнички конец (Filamentum)
    • прашничка ќеса (Anthera) (прашниците без антери се нарекуваат стаминодии)
      • полуантери (Theca)
      • сврзувачко стерилно ткиво (Connectivum)
  • плодник или толчник (Pistillum, за група од плодници Gynaeceum), растителните женски полови "жлезди" во кои се образува и развива плодот. Еден плодник е составен од:
    • устенце (Stigma), за прифаќање на поленот
    • столпче (Stylus), го поврзува устенцето со
    • плодница или јајчник (Ovarium), се образуваат и развиваат семеновите зачетоци од кои се формира плодот.

[уреди]Видови на цветови


Цветови на повеќе главоцветнирастенија, меѓу кои и на Rudbeckia fulgida.
Цветовите можат да се поделат врз база на различни критериуми.
Според распоредот на цветните елементи на цветната ложа, разликуваме:
  • спирални (ациклични) - елементите имаат спирален распоред на издолжена цветна ложа. Вакви се цветовите на лутичињата.
  • кружни (циклични) - доста чести цветови, елементите поредени во круг на силно скусена цветна ложа.
  • полукружни (семициклични) цветови - поедини елементи имаат спирален, а други кружен распоред.
Според местоположбата на прашниците и плодниците, има:
  • хермафродитни - двополни цветови, на кои има и прашници и плодици, како кај перуниката
  • еднополни цветови - машки или женски, поретки, на кои има само прашник или само плодник
  • стерилни - бесполови цветови, имаат само околуцветник, како кај георгината.
Според местоположбата на машките и женските цветови, има:
  • еднодомни - се развиваат на една единка, како кај пченката (кочан - женски, метличка - машки цвет)
  • дводомни - се наоѓаат на различни единки, односно појава на посебен пол, како кај врбата
  • тридомни - машките, женските и хермафродитните цветови се наоѓаат на три различни единки.

1 comment: